КУД Илинден
Културно уметничко друштво од Битола
КУД “Илинден” во своето долгогодишно постоење е континуирано учесник на Меѓународни Фолклорни Фестивали, а исто така остварува гостувања на сите континенти, каде ги има презентирано Македонскиот фолклор и традиција со голем успех, што резултира со освојување на бројни награди и признанија.
Над 65 години постоење
КУД “Илинден“ од Битола, Република Македонија е формиран во 1955. Ансамблот ја изучува и оживува македонската фолклорна традиција.
Што опфаќа?
Уметничкиот дел опфаќа стилистички карактеристики на македонски фолклор, музика, игри и носии кои сoздаваат ремек дела во рамките на современиот сценски фолклор. Изведбите содржат голема вештина и талент, исто како и моќ која обзема при нивната изведба.
Kaкви категории постојат?
Бројот на младите ентузијасти е повеќе од задоволувачки – повеќе од 320 членови. Тие активно учествуваат во зачувувањето на македонските традиционални игри и песни поделени во 14 групи: главен фолклорен ансанбл, два младински фолклорни ансамбли и 11 детски групи.
Приклучи се на нашиот проект!
Кон што придонесува?
Проектот „Изучување на традиционални инструменти од Битолско Поле“ директно придонесува кон претставување и афирмација на културното традиционално наследство во општина Битола.
Која е целта на проектот?
Проектот е неопходно да биде реализиран заради итно и соодветно решавање на проблемот со изумирањето на македонските фолклорни форми односно целосно и неповратно губење на автентичното културно и традиционално наследство на луѓето од Битолско Поле.