За нас

logo

КУД „Илинден“ денес е еден од водечките фолклорни ансамбли во нашата држава.

КУД „Илинден“ денес е ансамбл учесник на над 150 меѓународни фолклорни фестивали низ целиот свет.

КУД „Илинден“ денес е ансамбл добитник на врвни меѓународни признанија од кои посебно мора да се издвојат Гран при во Монт-Дор, Франција (1971 година), Второ место во конкуренција на народни оркестри на меѓународен фестивал во Ланголен - В. Британија (1996), Второ место во конкуренција на изворен фолклор во Ланголен - В. Британија (1998), Сребрена секира на Меѓународниот фестивал во Закопане, Р. Полска (2008), Награда за најдобар оркестар на Меѓународниот фестивал Етновир во Лвив, Р. Украина (2009), Награда за најавтентична група на Меѓународниот фолклорен фестивал „Искеле” во Искеле – Р. Северен Кипар (2015), Втора награда од стручното жири на Меѓународниот фолклорен фестивал во Здунска Вола – Полска (2016).

КУД „Илинден“ денес е ансамбл добитник на највисокото општинско признание - наградата 4 ти Ноември која ја доделува Општина Битола.

КУД „Илинден“ денес е ансамбл добитник на бројни награди на најзначајните и реномирани републички фолклорни фестивали, Републичкиот фестивал на народни песни и игри Илинденски денови, Балканскиот фестивал во Охрид и на Фестивалот на народни инсрументи Пеце Атанасовски во Долнени.

КУД „Илинден“ денес е ансамблот од кој произлегле бардовите на македонската народна песна, Јонче Христовски и Виолета Томовска.

КУД „Илинден“ денес е еден од основачите на Сојузот на фолклорни ансамбли на Република Македонија и редовен член од 1994 година.

КУД „Илинден“ денес е ансамбл кој реализирал над 200 самостојни концерти низ целата држава, од кои покрај традиционалните годишни концерти во Битола,одржал самостојни концерти и во Скопје, Прилеп, Охрид...

КУД „Илинден“ денес е ансамблот кој гордо го отвора најстариот и најзначаен фолклорен фестивал во Македонија, Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“, со изведбата на “Комитското”.

КУД „Илинден“ денес е ансамбл избран за претставник на нашата држава Р. Македонија на најзначајниот фоклорен настан – ФОКЛОРИЈАДАТА во Уфа Русија, каде учествуваше заедно со претставници на 80 држави од целиот Свет.

КУД „Илинден“ денес брои над 300 членови распоредени во детски, младински групи, оркестар, пејачка секција и главен фолклорен ансамбл.

КУД „Илинден“ денес е и раководството на ансамблот, Антонијо Димитровски, Претседател, Драги Филевски, Потпретседател, Борче Димитровски, Потпретседател, Александар Стефановски, уметнички раководител, Славе Наумовски, раководител на оркестар, Филип Јаковлевски, гардеробер, корепетиротите Никола Ангелковски, Никола Пецаковски, Филип Стефановски, Александар Георгиевски, Давид Балтовски, Милена Марковска, Вера Соклевска и стручните соработници Валентин Соклевски, Љупка Стефановска.

КУД „Илинден“ денес е ансамбл горд на своето минато, со светла иднина!

logo

Организациона Структура

profile-image
ПретседателАнтонијо Димитровски
profile-image
ПотпретседателДраги Филевски
profile-image
Уметнички раководителАлександар Стефановски
profile-image
Раководител на оркестарСлаве Наумовски
profile-image
ГардероберФилип Јаковлевски
profile-image
КорепетиторМилена Марковска
profile-image
КорепетиторНикола Ангелковски
profile-image
КорепетиторВиктор Крстевски
profile-image
Стручен соработникВалентин Соклевски
profile-image
Стручен соработникЉупка Стефановска